Легендарниот шпански фудбалски голман, Икер Касилјас (38) наскоро ќе објави дека ја завршува фудбалската кариера, по што Порто ќе му понуди функција во клубот, пренесуваат португалските медиуми.
Касилјас е принуден на ваков чекот по срцевиот удар неодамна, но претпоставките се дека и понатаму ќе остане во Порто, клубот каде е веќе 4 години.
На почетокот на месецот на голманот му се слошило за време на тренинг на Порто, веднаш бил одведен во болница каде што заклучиле дека претрпел срцев удар.
Касилјас е еден од најуспешните шпански фудбалери на сите времиња. Голот на Реал Мадрид го бранеше на повеќе од 700 меча, а притоа трипати ја освои Лигата на шампиони.
Берба на трофеи имаше и со репрезентацијата. Со „фуријата“ двапати беше првак на Европа, во 2008 и 2012, а во 2010 стана и Светски шампион.