Top Sport

Касиљас: Сакам да се вратам во Ла Лига

Долгогодишниот чувар на мрежата на „Фуријата“ и на мадриски Реал, Икер Касиљас (37) призна дека би сакал да се врати во шпанската Ла лига. Голманот на Порто вчера ја продолжи верноста кон португалскиот клуб кој му е само втор клуб во кариерата.

„Би сакал да се вратам во Ла лига, иако мојата кариера во Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација се минато. Имав среќа што во таа лига можев да се натпреварувам со години. Ми недостасува таа лига“ – рече Касиљас.

Тој кратко го прокоментира и враќањето на Зидан на кормилото на Реал.

„Драго ми е поради неговото враќање, тоа на сите во клубот им ја обновѕва енергијата и надежта“ – посочи голманот.
Касиљас со „Фуријата“ има две европски круни и една светска, а со Реал Мадрид освои 3 наслови првак во Лигата на шампионите, а петпати триумфираше во Ла лига.

Scroll to Top