Top Sport

„Марка“ го „проби“ списокот на Зидан за засилувања, листата со желби е долга

Пред Реал Мадрид се чини е бурно лето, а враќањето на Зидан на клупата на клубот е само почеток.

Во јавноста се шпекулира со многу имиња како потенцијални засилување на Кралскиот клуб, но шпанска „Марка“ тврди дека листата на желби веќе е направена, а во неа стои дека на клубот итно му требаат среден одбранбен играч, лев бек, двајца играчи за врска и напаѓач.

„Сега е време да се запрашаме кој се ќе биде мета ова лето“ пишува „Марка“ и ги набројува потенцијалните засилувања по позиции:

Среден одбранбен играч:
-Матијс Де Лијт, Милан Шкрињар, Калиду Кулибали

Леви бекови:
-Маркос Алонсо, Хосе Гаија, Давид Алаба

Играчи од среден ред:
-Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Тиаго Алкантара, Миралем Пјаниќ, Пол Погба

Напаѓачи:
-Хари Кејн, Килијан Мбапе, Нејмар, Мауро Икарди, Пјер-Емерик Обамејанг, Лука Јовиќ

https://www.marca.com/futbol/real-madrid/2019/03/19/5c7fe059268e3ed3348b4622.html

Scroll to Top