Американскиот ММА борец, Доналд „Каубој“ Серона вели дека не добил речиси ништо по борбата со Конор Мекгрегор минатиот месец.
Ирецот по нешто повеќе од една година се врати во октагонот и за само 46 секунди го победи „каубоецот“. Шпекулациите беа дека Серона заработил меѓу 7 и 10 милиони евра по поразот само од прегледувањето на снимката од борбата на интернет. Тој негира.
„Ха, ха, ха. 7-10 милиони?! Не добив пари од прегледите на снимката. Што светот мисли и што навистина се случува е нешто сосема поразлично. Заработив само плата“ – вело Серона.
Тој по борбата освои 200.000 доалри, а доколку го победеше Мекгрегор, сумата ќе се дуплираше.
Мекгрегор за експресниот триумф зарабори 3 милиони долари.