Top Sport

Меси не мрда од Барса, ништо од селидбата во Манчестер

Еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси нема намера да ја напушти Барселона и покрај несогласувањата со членови на Управата на клубот.

Аргентинецот кој на крајот на 2019-та по шестипат се закити со Златната топка наводно планирал да се пресели во редовите на Манчестер Сити, но сепак тоа нема да се случи.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Меси преку својот агент на „граѓаните“ дека планира да остане на „Ноу Камп“.

Аргентинецот неодамна имаше несогласувања со спортскиот директор во Каталонскиот клуб, Ерик Абидал по изјавата на
Французинот дека дел од играчите биле одговорни за отказот на Ернесто Валверде.

На Меси тоа не му се допадна.

„Лео рече дека Барселона му е се, дека сака да остане тука. Зборуваме за најдобриот светски играч, а како што знаете, со таквите ѕвезди никогаш не е лесно да се продолжи договорот“ – рече Абидал.

Многумина сметаат дека доколку Меси некогаш реши да ја напушти Барселона, тој би прифатил да игра само за клубот од детството, Њуелс Олд Бојс.

Scroll to Top