Top Sport

Кеирош ќе биде селектор на Колумбија по завршувањето на Азискиот куп

Португалскиот фудбалски стручњак, Карлош Кеирош е блиску да ја напушти селекцијата на Иран и да стане селектор на репрезентацијата на Колумбија, по завршувањето на Азискиот куп кој е во тек.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Колумбија, Алваро Гонзалез изјавил дека преговорите со Кеирош се во завршна фаза и би можело се да е готово до крајот на неделата.

„Се сретнавме со него пред 2 дена, не импресионираше“ рекол Гонзалез.

Кеирош 8 години е селектор на Иран, ги водеше и на СП во Бразил и тоа во Русија.

Претходно беше тренер на Реал Мадрид, на јапонска Нагоја и на њујоршки Метростарс, а на двапати ја водеше и селекцијата на Португалија.

Scroll to Top