Прославениот фудбалски репрезентативец на Австралија, Тим Кејхил денеска се прости од националниот тим.
Играчот кој во кариерата дури 108 пати играше за „кенгурите“ и притоа постигна 50 голови се појави во 82 минута на теренот на пријателскиот меч што неговата селекција го одигра против Либан (победа на Австралија од 3:0).
Кејхил кој беше испратен со овации остана преплавен од емоции.
Фудбалерот кариерата ја почна во Милвол, а уште играше и за Евертон, Њујорк Ред булс, Шангај и Мелбурн. Моментно настапува во Индија за тимот на Џемшедпура.