Top Sport

Некој „инвестирал“ во тостер, друг во бензинска, а Роналдо првата плата и ја дал на мајка си

Фудбалерите кои сега заработуваат милиони на почетокот на кариерата тргнале од нула. Дел од нив раскажуваат како ги потрошиле првите пари заработени на зелениот терен.

Легендарниот играч на Барселона и шпанската репрезентација, Чави Хернандес од својата прва плата на мајка му и купил тостер.

Актуелната ѕвезда на Реал Мадрид, Касемиро дел од својата прва плата ја дал за купување на млечниот производ „Јакулт“.

Турскиот фудбалер Арда Туран кога почнал да заработува многу пари на својот татко му купил бензинска пумпа во Истанбул.

Аргентинецот Серхио Агуеро со платата која ја доби откако заигра во Манчестер Сити купил автомобил „ламборџини авентадор“.

Уругваецот Единсон Кавани штом заработил поголема сума на пари купил ранч од над 1.000 хектари во Уругвај.
Герет Бејл со првата посериозна инвестиција купил спортски бар во Велс.

Интересна е приказната на Кристијано Роналдо кој својата прва голема плата и ја дал на мајка си откако неговиот татко починал од алкохол.

Scroll to Top