Младиот италијански фудбалер на Фиорентина, Федерико Киеза одбил да потпише нов договор со клубот од Фиренца.
„Газета дело Спорт“ денеска пренесува дека талентираниот фудбалер сака да го напушти „Артемио Франки“ и да премине во нов, поголем клуб.
Претседателот на „виолетовите“, Роко Комисо му понуди на репрезентативецот на „Азурите“ нов подобар договор, до 2024 година, според кој би заработувал по 4 милиони евра годишно, не сметајќи ги тука бонусите. Сепак Киеза го одбил новиот договор.
Младиот фудбалер, кој неодамна го постигна првиот гол во дресот со националниот грб, има договор со моментно десетопласираната екипа во Серија А до 2022 година.
Сезонава тој одигра 13 меча во сите натпреварувања, постигна 3 гола, а имаше и 4 асистенции.