Top Sport

Кикс на надежите, Македонија му подари бод на Казахстан во Скопје

Македонска фудбалска репрезентација за играчи до 21 година со неочекувано реми ја прекинаа низата победи во евроквалификации за за пласман на Евро 2021.

Македонските надежи попладнево на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје одиграа само 1-1 со селекцијата на Казахстан.

Нашите фудбалери го отворија резултатот со голот на Милан Ристовски по една акција во 20. Минута од мечот.

Пулените на селекторот Милевски имаа повеќе од играта во првото полувреме, но не успеаја да ја зголемат предноста.

Во вториот дел македонските репрезентативци покажаа на моменти недисциплинирана игра со многу загубени топки. Кога сите очекуваа дека фаворитот на мечот ќе го реши натпреварот и ќе впише нови три бода, следуваше шок.
Се играше 75 минута кога Казахстан преку Оралхан Омиртајев погоди за 1-1.

До крајот на мечот Македонија двапати сериозно се закани, со удари од далечина на Атанасов, но тоа беше премалку за нови три бода и 100-отстотен ефект во квалификациите.

Сега, по три одиграни кола Македонија има седум бода пред вечерашното гостување на врсниците од Шпанија кај Црна Гора. Шпанците имаат 6 бода по 2 кола.

Од нашата група ќе се одигра и дуелот меѓу Израел и Фарски Острови, меч во кој домаќините влегуваат со 3 бода по само едно коло.
Фото:ФФМ

Scroll to Top