Top Sport

Килијан Мбапе е најдобар фудбалер на Франција за 2018 година

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе (20) е прогласен за најдобар француски фудбалер за 2018 година во изборот на престижниот магазин „Франс фудбал“.

Мбапе до престижната награда дојде во конкуренција на Антоан Гризман и Рафаел Варан.
Тоа е второ признание за Мбапе во краток период, откако претходно „Франс фудбал“ го прогласи и за најдобар млад фудбалер.

Тој со ПСЖ освои три трофеи, Лига 1, Куп на Франција и Лига куп, а на СП во Русија постигна 4 погодоци.

Scroll to Top