Top Sport

Продолжува губитокот на бодови во Фулам „волците“ им скинаа 2 на „Боксинг Деј“

Во првиот премиерлигашки натпревар на „Боксинг Деј“, лондонски Фулам повторно остана без два бода во борбата за опстанок откако со Вулверхемптон ремизираа 1-1.

Во натпревар со многу динамика, со голем број на шанси беа постигнати само два гола, и двата во последната четвртина од мечот.

Пулените на тренерот Клаудио Раниери и навивачите на „Крејвен Котиџ“ причина за радост имаа во 74 минута кога Рајан Сесињон го совлада гостинскиот голман, Руи Патрисио, за водство на Фулам 1-0.

Сепак домаќините во 85 минута одиграа катастрофално во одбраната, па Ромен Саис израмни за конечни 1-1.
Фулам е во тешка позиција на табелата во Премиер лигата, со само еден бод над фенерџијата Хадерсфилд, додека „Волците“ се на 9 позиција со 26 бода.

Scroll to Top