Top Sport

Кинезите во солзи, домаќинот на Мундобаскетот не ја помина групата (видео)

Селекцијата на Венецуела избори пласман во следната фаза на СП во кошарка што се одржува во Кина. Венецуелците ја поразија Кина, домаќинот на Мундобаскетот со 72-59 и ја ускратија нивната можност да поминат во следната фаза.

Домашните кошаркари не можеа да им парираат на расположените противници кои по крајот на првиот период водеа со 8 разлика, додека на полувремето Венецуала отиде со +10.

Во третиот период Венецуелците знаеја како да ја сочуваат предноста, во еден период стигнаа и до +15.

На крајот Венецуела – Кина 72- 59 за големо разочарување за гледалиштето иако домаќините на СП самите бираа во која група ќе се натпреваруваат.

Во победничката селекција најпрецизен беше Гулент со 15 поени, Луис имаше 13, а Варгас постигна 12.
Кај Кина, Фанга постигна 13 поени, а Жао го заврши мечот о 11 поени.

Венецуела и Полска ја поминаа групата.

Scroll to Top