Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров со полни 39 години ја заврши групната фаза на ЕП во ракомет во Топ 5 листата на најдобрите стрелци. Лазаров на трите средби што Македонија ги одигра против Украина, Чешка и Австрија постигна 22 гола.
Сепак, далеку пред него се младите предводници на Австрија, односно Норвешка – Никола Билик и Сандер Сагосен.
Австрискиот лев бек на трите средби од групната фаза постигна 28 гола, а Сагосен се најде на втората позиција со погодок помалку.
Третата позиција му припадна на Швајцарецот Енди Шмит кој прецизно биеше 27-пати.
Четврти на листата со најдобри стрелци се најде Лазаров со 22 гола, исто колку што постигна и Холанѓанецот, Кеј Смит.
Интересен е податокот дека Австрија има дури тројца стрелци во најдобрите десетмина досега, иако јасно е дека листата ќе содржи промени.
Еве како изгледа Топ 10 листата:
28 – Никола Билик (Австрија)
27 – Сандер Сагосен (Норвешка)
27 – Енди Шмид (Швајцарија)
22 – Кирил Лазаров (Македонија)
22 – Кеј Смит (Холандија)
21 – Даинис Криштопанс (Летонија)
19 – Јанко Божовиќ (Австрија)
19 – Арцем Каралек (Белорусија)
18 – Никола Прце (БиХ)
18 – Роберт Вебер (Австрија)