Македонскиот фудбалски шампион, тетовска Шкендија има очаен старт на новата сезона во ПМФЛ, исто како што имаше и разочарувачко лето во квалификациите за ЛШ односно за ЛЕ.
Поради тоа, Управата на клубот му врачи отказ на тренерот Ќатип Османи.
Шкендија преку соопштение објави дека Османи и целиот стручен штаб е сменет, откако пред неколку дена сопственикот на клубот, бизнисменот Лазим Дестани најави разгледување на состојбите во клубот и соодветни чекори за излез од кризата.
Отказот на Османи доаѓа по вчерашниот пораз на Шкендија кај Борец во Велес со 1-0.
„Шкендија сака да му се заблагодари на Ќатип Османи за неговиот придонес во успесите на клубот во изминатите сезони и му посакува сѐ најдобро во иднина“ – објави клубот од Тетово.
Оттаму наjавија дека привремено решение за испразнетото место е Ерхан Селими.