Top Sport

Клоп ќе плати 45.000 фунти поради ироничен коментар (фото)

Фудбалската асоцијација на Англија одлучи да го казни менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп со 45.000 фунти. Германецот е санкциониран поради коментар во врска со судијата Кевин Френди по натпреварот од 25 коло во Премиер лигата против тимот на Вест Хем.

Натпреварот заврши со резултат 1-1, а Ливерпул во водство дојде во 22 минута со голот на Садио Мане кој се наоѓаше во очигледна офсајд позиција.

„Слушнав дека нашиот гол е постигнат од офсајд. Сигурно и судијата го знае тоа“ рекол Клоп по мечот, поради што стигна казната од асоцијацијата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');