Top Sport

„Среќен пораз“ за Македонија во Романија за влез во квалификациите за ЕП 2021

Македонската сениорска машка кошаркарска репрезентација го загуби последниот натпревар во втората рунда претквалификации за Евробаскетот во 2021 година. Пораз во Плоешти од Романија со резултат 65-53.

Сепак нашите кошаркари успеаја да ја остварат целта, да не загубат со повеќе од 14 поени разлика, Македонија во Скопје ја победи Романија со 90-76. Со овој „среќен“ пораз нашите ракометари уште пред последниот натпревар в недела меѓу Романија и Косово обезбедија влез во квалификациите за Евробаскетот во 2021 година.

Македонија добро го почна мечот, ја доби првата четвртина. Но подоцна Романците ги презедоа конците во свои раце и константно се закануваа кон нашиот кош и ја бркаа предност од +14.

Финишот донесе драма. Романците во последната минута погодија тројка за 13 разлика, на семафорот стоеше 65-53. Нашите тргнаа во напад, промаши Дамјан Стојановски што отвори можност за домаќините да реализираа и да ја остварат целта.

Сепак непрецизен за два поени беше Вотсон на 10 секунди до крајот на мечот, по што офанзивен скок имаше Хендрикс, врз кого беше направен фаул. Погоди едно од двете слободни за конечни 65-53.

Во нашиот состав најпрецизен беше Дамјан Стојановски со 13 поени, а Војдан Стојановски и Ричард Хендрикс постигнаа по 10 поени.

Кај домашната селекција Кате и Торок дадоа по 12, а Драгосте 11 поени.

Од овој септември Македонија заедно со 31 репрезентација поделени во 8 групи ќе ги започне квалификациите за наредниот Евробаскет.

Најдобрите 3 од секоја група ќе се најдат на ЕП. Македонија ќе се бори за шесто учество на континенталните собири.

Scroll to Top