Top Sport

Клоп критикува: Зошто почнуваме толку рано?

Менаџерот на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп истакнува дека премиерлигата е сјаен прпизвод и дека нема потреба да се руши со тоа што на играчите не им се дава доволно време за опоравување и за подготовки.

Ливерпул новата сезона ќе ја отвори на 9 август против Норич на „Енфилд“, а пред тоа денеска ќе се игра мечот од „Комјунити шилд“ против Манчестер Сити.

Клоп кој со својот тим на 1 јуни играше финале на ЛШ против Тотенхем изјави дека не разбира зошто првенството почнува толку рано.

„Разговарав со Карло Анчелоти. Серија А има 20 клуба исто како и Премиерлига, а ќе почне на 24 август. Неговиот играч Калиду Кулибали и Садио Мане заедно играа за енегал на Купот на Африка. Кулибали доби 4 недели одмор и не е ни лизу до враќање во клубот. Не знам зошто ние почнуваме толку рано“ – вели Клоп.

Германецот на поголемиот дел од подготовките не можеше да смета на услугите на Мохамед Салах, како и на Бразилците Алисон и Фирмињо кои играа на Копа Америка. Мане ќе и се приклучи на екипата за неколку дена, пред самиот старт на новото првенство.

„Јас сакам фудбал и што се однесува до мене, може да играме секоја недела, но некој мора да мисли за играчите, а не гледам дека некој го прави тоа“ – смета германскиот стратег.

Scroll to Top