Top Sport

„Милионерска“ лекција за Баерн (Видео)

Борусија Дортмунд го освои првиот трофеј во новата сезона во Бундеслигата. „Милионерите“ го победија Баерн Минех и стигнаа до трофејот во Суперкупот.

Науел Ноер во првиот дел со три доби интервенции ги спречи играчите на Дортмунд да стигнат до водство. Ноер ги одбрани ударите на Ројс, Гереро и Санчо.

Во финишот на првиот дел Коман ја промаши најдобрата шанса за Баерн. Казната Баварците ги стигна на почетокот на вториот дел кога Пако Алкасер го совлада Ноер.

Конечниот резултат го постави Џејдон Санчо. Англискиот тинејџер одлично реализираше тимски контра-напад.

Scroll to Top