Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп деновите на изолација се обиде да ги пополни со нешто што досега не го правел – работа во кујната.
„Во изолација правам работи кои никогаш порано не сум се обидел да ги правам, па така станав мајстор за миење садови. Се обидувам и да готвам. Ја направив својата прва кајгана во животот, но мојата сопруга Ула не беше посебно импресионирана и ме замоли тоа да не го правам повеќе. Имам 52 години и се уште не знам да врзам вратоврска, па наредните недели напорно ќе работам тоа да го совладам“ – рече харизматичниот Клоп.
Менаџерот на „црвените“ пронајде уште една добра работа, од изолацијата.
„Една од позитивните работи е и пронаоѓањето на пријатели од училишните денови. На друштвените мрежи пронајдов луѓе кои долго време не сум ги слушнал, а моите пријатели се изненадени колку сум активен“ – вели Германецот.