Top Sport

Арсенал со победа над Барнли, Обамејанг со два гола го „претрка“ Салах меѓу стрелците (видео)

Арсенал предмалку на „Емирати“ го совлада тимот на Барнли со 3-1 во првиот денешен меч од 18. коло во Премиер лигата.

„Топџиите“ од Лондон доминираа во целиот меч, а уште во 14 минута Пјер-Емерик Обамејанг погоди за 1-0 и за отворање на мечот.

На почетокот на второто полувреме повторно Обамејанг беше стрелец откако оддесо силно шутираше над главата на Харт.

Со вториот погодок Обамејанг го „претрка“ Салах меѓу стрелците во Премиер лигата.

Гостите со погодокот на Барнс се вратија во мечот, но немаа шанси за целосен пресврт. На крајот на мечот Ивоби ја искористи отворената одбрана на гостите и со погодок ги постави конечните 3-1.

Scroll to Top