Босанскиот кошаркар, Јусуф Нуркиќ член на НБА тимот Портланд Треилблејзерс во емисија на „ЕСПН“ се присети на моментите од кариерата кога играше против легендарниот ас на Лејкерси, Коби Брајант.
Пензионираниот кошаркар е познат по тоа што течно говори неколку јазика, а научил неколку зборови и на српско-хрватски поради бројните соиграчи од екс-Ју просторите во 20-те години поминати во НБА лигата.
Нуркиќ во емисијата открил како Брајант го шокирал во текот на еден меч.
„Коби шутираше слободни фрлања, а јас го прашав судијата како е можно него никој да не смее да го допре, цело време шутира слободни. Тој нешто ми дофрли на мојот јазик, а јас се зачудив. Малку подоцна тој пак беше на линијата за слободни фрлања и се повтори истото. Тоа беше пцовка. Тогаш веќе бев сигурен дека знам што рече. Тој по неколку години во лигата како подготовка за секој меч учел по нешто за секој противнички играч“ – вели Нуркиќ.
Еве докази дека Коби знае да пцуе по српски: