Top Sport

Колабирал на Лондонскиот маратон, а денеска починал

Трагична вест ја доаѓа од Лондон. Еден учесник на Лондонскиот маратон денеска починал, откако вчера колабирал во текот на трката.

Организаторот објави дека се работи за маж на 36 години кој го загубил животот откако колабирал на 38. километар од трката.

„Иако веднаш му беше укажана лекарска помош, после брзата реакција од три минути по колабирањето, учесникот почина во болница. Причината за смртта не е позната, но ќе се знае откако ќе биде извршена обдукција“, објавија организаторите.

Scroll to Top