Top Sport

Комичар во САД се измева со Коби: Смртта му задоцни 23 години (видео)

Познатиот американски комичар, Ари Шафир последните неколку дена доби многу закани дека ќе биде ликвидиран откако ја исмеваше смртта на кошаркарската легенда – Коби Брајант.

„ТМЗ“, медиумот кој прв извести за хеликоптерската несреќа пишува дека полицијата го информираша комичарот дека му се закануваат дека ќа го убијат.

Иако Шафир смета дека е смешен и интересен, сепак сите настапи кои ги имал закажано му биле откажани.

„Коби Брајант задоцни со смртта 23 години. Се извлече за силување. Голем поздрав за херојот кој заборави да стави гориво во хеликоптерот, ги мразам Лејкерси. Каков убав ден“ – рече комичарот споделувајќи видео на социјалните мрежи.

Засега никој од заканувачите не е уапсен, но тој по скандалозното видео не застана.

„Секогаш кога ќе умре некоја позната личност, јас ќе објавам некое ужасно сра.е, тоа го правам со години, сакам да уништувам богови“ – напиша Шафир.
https://twitter.com/i/status/1222068472533962752

Scroll to Top