Top Sport

Кошаркар, па тенисер, на ред е бизнисмен, Шарапова блеска со новото момче (фото)

Руската тенисерка Марија Шарапова подолго време ужива во среќната врска со англискиот бизнисмен, 39-годишниот Александер Гилкес. Преубавата Русинка конечно е среќна, а заљубениот пар својата среќа ја споделува на социјалните мрежи.

По вториот љубовен крах, Шарапова утехата ја најде надвор од светот на спортот, па сега блеска со милионерот од Лондон.

Гилкес потекнува од богато семејство, татко му е познат стоматолог, а мајка му професорка на Оксфорд.

Студирал на престижен факултет и се дружи со британскиот џет-сет. Меѓудругото добар пријател е и со принцовите Хари и Вилијам.

Scroll to Top