Top Sport

Кошаркарски земјотрес во најава – Волден од Партизан оди во Звезда

Кори Волден предизвика вистински хаос во Белград кај навивачите на двата најголеми кошаркарски клубови кај нашиот северен сосед.

Доскорешниот бек на Партизан иако имаше уште една година од договорот со „црно-белите“, сепак сам ја платил отштетата и најверојатно решил да ги засили редовите на лутиот ривал – Црвена Звезда.

Откако се појави информацијата во Србија, бројни навредливи пораки стигнаа на адреса на црномурестиот кошаркар, пред се од навивачите на Партизан кои се чувствуваат предадени, додека „делиите“ само ликуваат.

Инаку Волден во текот на групната фаза на Еврокупот имаше просечен учинок од 6.5 поени и 3,3 асистенции по меч.

Во АБА лигата Американецот беше со просек од 8.9 поени и речиси 2 асистенции по меч.

Останува да се види дали се точни шпекулациите дека „црвено-црниот“ дрес ќе го замени со оној си „бело-црвена“ боја.

Scroll to Top