Top Sport

Џенова со пенали зема бод кај Бреша која нема триумф во 2020-та

Бреша и Џенова ги поделија подовите играјќи 2-2 во меч од 28 коло во италијанската Серија А.

Освоениот бод има поголемо значење за Џенова која е еден бод над зоната за испаѓање во понизок ранг, додека домашната екипа е закована на дното на табелата со теоретски шанси за опстанок.

Бреша прва стигна до водство. Донарума во 10 минута со прецизен удар во долниот лев агол носи предност 1-0.

Само три минута подоцна, Бреша постигнува уште еден гол. За водство од 2-0 погоди Семприни.

Џенова, пак, за која од 53-тата минута настапи и капитенот на мекедонската фудбалска селекција, Горан Пандев двата гола ги даде од белата точка.

Најпрво Јаго Фалке во 38 минута погоди за 2-1, а конечните 2-2 со удар за најстрога казна ги постави Пинамонти.

Scroll to Top