Капитенот на фудбалската репрезентација на Косово, Амир Рахмани потпишува петгодишен договор со калчолигашот Наполи.
Рахмани, кој ќе биде соиграч на нашиот Елиф Елмас ќе заработува 1.8 милиони евра годишно, а до крајот на сезоната ќе остане на позајмица во Верона која за овој трансфер ќе добие отштета од 14 милиони евра.
Интересно е тоа што Верона на Рахмани ќе заработи 12 милиони евра ако се знае дека минатото лето тој дојде во „градот на љубовта“ од Динамо Загреб за само 2 милион евра.
Вниманието на челниците на Наполи го заслужи со одличните партии во есенската полусезона во Серија А, каде во првите 19 кола пропушти само 11 минути.