Фудбалската репрезентација на Косово одигра уште една одлична партија во Лигата на нации и со високо 0-5 ја потопи Малта нагости. Нашиот северен сосед е на чекор до пласман во полуфиналето во Лига Д.
Стрелци на головите за Косово беа Муриги, Кололи, Донис Авдијај (2 гола) и Милот Рашица.
Азербејџан и Фарски Острови исто така одиграа меч од Лига на нации на кој победа од 2-0 славеа домашните фудбалери. Стрелци на головите беа Назаров и Мадатов уште во првото полувреме.
Шведска ја изненади Турција нагости и со голот на Гранквист славеа со 0:1. Скандинавците останаа со шанси за пласман во полуфиналето и во последното коло ќе бркаат победа дома против Русија.