Top Sport

Крауч пред враќањето на „Енфилд“: Сите во фамилија навиваат за Ливерпул

Англискиот напаѓач, Питер Крауч денеска во 13 часот со својот клуб Барнли ќе гостува против Ливерпул на „Енфилд“ во рамки на редовно коло од Премиер лигата.

Крауч кој беше дел од „црвените“ од 2005 до 2008 година е пред предизвик, а дополнителен проблем се чини претставува неговата сопруга Ејби Кленси и нејзината фамилија.

„Не е добро. Сите кај Ејби „се црвени“. Ми рекоа „не очекувај дека ќе се вратиш ако дадеш гол против Ливерпул“ – вели напаѓачот.

Тој пак не ги крие симпатиите кон поранешниот клуб.

„Знам колку му значи тоа на Ливерпул, играв таму, ама јас морам да ја работам мојата работа, тоа што го знам најдобро за Барнли. Би сакал Ливерпул да ја освои лигата, а ние денеска да ги победиме“ вели Крауч.

Тој вели дека има големо почитување за „црвените“ каде, како што вели, го играл најдобриот фудбал.

Scroll to Top