Ѕвездата на Вардар, Даинис Криштопанс беше лидер на летонската репрезентација во 25:24 триумфот над Словенија со кој балтичката земја го обезбеди пласманот на Европското првенство во ракомет во 2020 година.

За прв настап на едно големо натпреварување, Криштопанс даде 13 гола, додека за селекцијата на Веселин Вујовиќ, Доленец имаше 8 гола. Словенците исто така се на ЕП.

Србија пак, не си дозволи кикс против Белгија, победувајќи со 37:26 на гостувањето за да останат во игра за ЕП, откако во првиот меч од квалификациите одиграа нерешено со Белгијците. Хрватска со 33:28 не дозволи на Швајцарија да им „избега“ на Србите, и сега во директен дуел тимот на селекторот Ненад Перуничиќ ќе се обиде да обезбеди пласман.

ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА 1

Израел – Германија 25:40 (14:19)

Косово – Полска 23:22 (14:13)

Табела: 1.Германија 10, 2.Израел 4, 3.Полска 3, 4.Косово 3

ГРУПА 2

Швајцарија – Хрватска 28:33 (13:17)

Белгија – Србија 26:37 (10:20)

Табела: 1.Хрватска 9, 2.Швајцарија 6, 3.Србија 4, 4.Белгија 1

ГРУПА 3

Турција – Македонија 26:30 (11:15)

Грција – Исланд 28:28 (12:15)

Табела: 1.Македонија 7, 2.Исланд 6, 3.Турција 4, 4.Грција 3

ГРУПА 4

Летонија – Словенија 25:24 (14:10)

Табела: 1.Словенија 8, 2.Летонија 8, 3.Холандија 2, 4.Естонија 0

ГРУПА 5

Финска – Чешка 24:26 (12:17)

Босна и Херцеговина – Белорусија 25:31 (12:17)

Табела: 1.Чешка 8, 2.Белорусија 6, 3.БиХ 6, 4.Финска 0

ГРУПА 7

Словачка – Унгарија 20:21 (8:9)

Табела: 1.Унгарија 9, 2.Русија 5, 3.Италија 4, 4.Словачка 0

ГРУПА 8

Украина – Данска 30:33 (15:14)

Табела: 1.Данска 8, 2.Украина 6, 3.Црна Гора 3, 4.Фарски Острови 1