Фудбалерите на Фиорентина се пласираа во четвртфиналето на италијанскиот Куп откако денеска со 2-1 славеа победа против незгодната Аталанта.
Екипата од Фиренца мечот го заврши со 10 фудбалери на теренот.
Водечкиот погодок за „виолетовите“ во 11 минута беше дело на Патрик Кутроне, екс-играчот на Милан кој денеска дебитираша за новата екипа.
Изедначувањето на мечот дојде во 67 минута, стрелец за 1-1 беше Јосип Иличиќ, а во 84 минута гол за победа и пласман понатаму во Купот на Италија постигна Ерик Пулгар.
https://youtube.com/watch?v=27JpRAb2wk8