Португалскиот фудбалер, Рикардо Кварезма (36) за кого се очекуваше да има врвна кариера, го раскина договорот со Бешикташ и потпиша договор со турскиот прволигаш Касимпаша, тим кој минатата сезона одвај се спаси од испаѓање во понизок ранг.
Новиот тим на Португалецот лошо ја стартуваше сезонава, по две кола освои само еден бод.
Кварезма стигна како слободен играч откако му истече договорот со тимот од Истанбул. Новиот договор е на една година со опција за уште една.
Како млад играч, португалскиот фудбалер беше една од најголемите надежи, брилијантен техничар. Во 2003 година од Спортинг Лисабон направи трансфер во Барселона за 6.5 милиони евра. Тогаш никој не очекуваше дека ќе промени дури 11 клуба во кариерата.
По само една година Барса го продаде во Порто за 6 милиони евра. Тоа беше најдобрата средина на Португалецот. На „Драгао“ за 216 меча запиша 56 асистенции, а постигна 49 гола.
Во 2008 година Порто го продаде Кварезма за 25 милиони евра во Интер, но таму не се снајде, па заврши на позајмица во Чеси. Во 2010 Интер го продаде во Бешикташ, а по истекот на договорот со турскиот клуб премина во Ал-Ахли.
Потоа пак се врати во Порто, па повторно заврши во Бешикташ. Од денеска кариерата ја продолжува во Касимпаша.
#SONDAKİKA
Kasımpaşa, Ricardo Quaresma ile 1+1 yıllık sözleşme imzaladı. pic.twitter.com/rinnne74NC— TRT Spor (@trtspor) August 29, 2019