Римски Лацио на својот „Олимпико“ доживеа пораз во последните моменти од шкотски Селтик со 1-2.
Лацијалите поведоа преку Имобиле, израмни Форест, а во 95 минута Нтшам погоди за победа и прво место на табелата за шкотскиот тим.
Во истата група, романски Клуж минимално со 1-0 славеше победа над Рен со што се најдоа на втората позиција.
Екипата на Севилја е првиот тим во ЛЕ обезбеди пласман во нокаут фазата. Андалузијците убедливо со 5-2 славеа победа против Дуделанж во Луксембург на терен што повеќе наликуваше на нива.
Хет-трик за Севилја постигна Мунир Ел-Хадади, а двапати прецизно стрелаше и Мунас Дабур.
Изненадување се случи во Линц, каде домаќинот ЛАСК го победи холандски ПСВ Ајндховен со 2-0.
Спортинг Лисабон, пак, кој вечерва беше без услугите на македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски славеше гостински триумф кај Розенборг со 2-0.
Пораз доживеа екипата на Ајнтрахт Франкфурт нагости кај Стандард во Лиеж со 2-1. Со тоа двете екипи се изедначија со по 6 бода на втората, односно третата позиција пред неприкосновениот Арсенал кој е на чело со 10 бода.
Ова се сите резултати на натпреварите од ЛЕ што започнаа во 18.55 часот:
АПОЕЛ – Карабаг 2-1
Базел – Гетафе 2-1
Клуж – Рен 1-0
Дуделанж – Севилја 2-5
ФЦ Копенхаген – Динамо Киев 1-1
Краснодар – Трабзонспор 3-1
ЛАСК Линц – ПСВ 4-1
Лацио – Селтик 1-2
Лугано – Малме 0-0
Розенборг – Спортинг (Л) 0-2
Стандард (Л) – Ајнтрахт (Ф) 2-1