Клубот кој во последните 7 сезони само еднаш беше рангиран повисоко од петтото место, во овој момент е лидер на табелата во Серија А со 21 меч во низа без првенствен пораз.
Се работи за Лацио, клубот кој е во страшен подем. Според многумина, главен „виновник“ за тоа е тренерот, Симоне Инзаги.
Играчката кариера ја помина во сенка на три години постариот брат, Филипо Пипо Инзаги.
Првата шанса како тренер во Лацио ја доби баш на еден од неговите родендени, на 40-тиот, но во период кога клубот беше во хаос.
Втората шанса му се отвори откако еден генијален, но тврдоглав тренер (Марсело Биелса) само два дена по потпишувањето на договор, си даде отказ.
Денес 43-годишниот Инзаги е еден од најатрактивни тренери во светот.
Брат му Пипо кој ќе остане запаметен како фудбалер-напаѓач кој „живееше во офсајд“, но трипати беше шампион во Серија А, двапати клупски шампион на Европа и еднаш светски шампион со Италија.
За разлика од Пипо, Симоне имаше скромен учинок – еднаш беше првак на Италија, трипати го освои италијанскиот Куп и еднаш европскиот Суперкуп.
Интересно е што и двајцата браќа беа напаѓачи, но една од ретките фудбалски особини на Симоне што ја имал за разлика од Пипо е лидерството.
По играчката кариера, двајцата се свртија кон тренерската работа. Симоне сега го засени Пипо.
Помладиот Инзаги тренерскиот пат го започна во 2020 година во младинската екипа на Лацио. По 6 години доби шанса и во сениорскиот тим, ама како привремен тренер.
„Мојата цел отсекогаш беше да станам тренер на Лацио. Горд сум и одвај чекам да почнам. Сегашен тренер сум на Лацио, но сакам да бидам тренер на овој клуб и во иднина“ рече своевремено Симоне Инзаги.
Сезонава е врвот во тренерската кариера на Инзаги, по 26 кола Лацио е на врвот во Серија А.
Лацио со 60 постигнати гола го има вториот најдобар напад во лигата, а примиле само 23 гола, што ги прави едни од најдобрите и во оваа категорија.