Римски Лацио попладнево убедливо триумфираше со 3-1 против Каљари во 17 коло од Серија А.
Конечниот резултат на мечот падна во сенка на погодокот и прославата на истиот на српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој конечно погоди по пауза од 3 месеци и потоа се расплака.
Милинковиќ-Савиќ во 12. минута стрелаше за 1-0. Во 23 минута Франческо Акерби зголеми на 2-0, а највисокото водство на лацијалите беше дело на Лулиќ во 67 минута. Гостите со голот на Жоао Педро од пенал во 92 минута стигнаа само до почесен погодок за конечни 3-1.
Лацио со овие 3 бода го премина Милан на табелата во Серија 1 и сега се наоѓа на четвртата позиција со 28 бодови.