Top Sport

Лајовиќ го одмазди Ѓоковиќ и испиша историја во Монте Карло (видео)

Српскиот тенисер, Душан Лајовиќ во Монте Карло на Мастерс турнирот го постигна најголемиот успех во својата кариера. Србинот кој моментно е 48. светски тенисер првпат во неговата кариера се пласираше во финале на еден Мастерс турнир откако во полуфиналето со 2-0 во сетови (7-5 и 6-1) беше подобар од Русинот, Данил Медведев. Токму Медведев во претходното коло „го зема скалпот“ на првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.

Мечот се играше по многу ветровито време. Иако во првиот сет Медеведев имаше предност од 5-1, сепак Лајовиќ не се предаде и успеа да направи голем пресврт добивајќи го сетот со 7-5.

Во вториот сет Русинот падна на психолошки план, па Лајовиќ со рутинирана игра стигна до голема победа.

Утре Лајовиќ за трофејот во Монте Карло ќе се бори со подобриот од денешното полуфинале меѓу Надал и Фоњини.

Scroll to Top