Top Sport

Сити делумно му се одмазди на Тотенхем и си ги задржа шансите за титула (видео)

Пред само три еден Манчестер Сити и Тотенхем одиграа меч за паметење во четвртфиналето од ЛШ. Сити победи со 4-3, а Тотенхем помина во полуфиналето поради гостинските голови.

Денеска пак двобој на истите тимови, но во редовно коло во Премиер лигата. Дуелот заврши со резултат 1-0. Ја немаше возбудата од пред некој ден, но домаќините ја постигнаа целта. Делуно му се одмаздија на лондонскиот противник, а и си ги задржаа шансите за титулата во Премиерлигата.

На „Итихад“ во една досадна претстава без многу шанси на двете страни единствениот погодок беше дело на Фил Фоден уште во петтата минута.

Избраниците на Гвардиола го чуваа резултатот. Сето тоа можеше да се промени доколку во Англија има ВАР и доколку судијата во 58. Минута видеше дека дефанзивецот Вокер играше со рака во шеснаесетникот. Но судиското свирче не се слушна.

Сити на контото прикачи нови важни три бода кои дополнително ќе добијат на важност доколку „граѓаните“ слават и идното коло кога на распоредот е градското дерби со Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top