Top Sport

Лајпциг се зацврстува на врвот на табелата во Бундеслигата (видео)

За многумина изненадување, ама по 18 кола во германската Бундеслига Лајпциг е на врвот на табелата и тоа со 5 бода зад второпласираната Борусија Менхенгладбах, а 7 зад двоецот Баерн-Борусија Дортмунд. Сепак, Баварците својот меч од ова коло ќе го одограат утре, против Херта во Берлин.

Предмалку Лајпциг славеше со 3-1 против Унион Берлин.

Работите не тргнаа најдобро за „биковите“ на денешниот меч. Гостите, рано, уште во 10 минута дојдоа до водстов со 0-1 со голот на Бутлер.

Лајпциг направи комплетен резултатски пресврт во вториот дел.

Најпрво во 51 минута Вернер донесе израмнување, а 8 минути подоцна Сабитцер погоди за водство од 2-1. Конечните 3-1 за големо славје на трибините беа дело на Вернер (него втор гол) во 83 минута од мечот.

Лајпциг по 18 кола има 12 победи или вкупно 40 бода.

Scroll to Top