Top Sport

Шпанија со една нога во полуфинале, Австрија недораснат противник

Големи се шансите шпанската ракометна репрезентација да биде еден од полуфиналистите на Европското првенство што се одржува во Австрија, Шведска и Норвешка.

Актуелниот европски шампион предмалку со 30-26 славеше победа против ко-домаќинот на првенството, Австрија и широко ги подотвори вратите кон полуфиналето.

Без премногу одбрани на голманите, двете селекции во првиот дел играа отворен ракомет, најчесто израмнето, па „фуријата“ отиде на пауза со +1, 17-16.

Во вториот дел Шпанија е таа која постојано водеше, а Австријците ги држеа противниците на дистанца од 1 до 2 гола.
Така беше се до 23-19 кога Шпанија отиде на +4, па следуваше и предност од 25-20, но и 29-26 (+6) што јасно стави до знаење дека фаворитот ќе забележи нова победа.

Момците предводени од Жорди Рибера рутинирано го приведоа мечот за конечни 30:26.

Шпанија го задржа 100-процентниот учинок на шампионатот, а Австрија го доживеа и вториот пораз во главната фаза со што ги загуби и теоретските шанси за пласман на првите две позиции.

Најпрецизен во победничката селекција беше екс-Вардарецот Хорхе Македа со 6 гола, а по четири погодоци постигнаа Ентрериос, Фигуреас и Арињо.

Кај Австрија Јанко Божовиќ прецизно стрелаше петпати.

Scroll to Top