Top Sport

Лампард: Ова е трофеј кој клубот очајнички сака да го освои

Лондонски Челси вечерва на „Бешикташ парк“ во Истанбул во мечот за Суперкуп трофејот против Ливерпул има можност да стави раце на првиот трофеј во новата сезона, еден од пехарите кои новиот тренер на „сините“ Френк Лампард никогаш не го освоил.

Лампард беше еден од највлијателните играчи на Челси во златната ера на „сините“, но титулата во Суперкупот двапати му се извлече од раце. Првиот пат во 2012 година кога поуспешен беше Атлетико Мадрид со 4-1, а една сезона подоцна Баерн Минхен по изведувањето на пеналите го совлада Челси.

Во неделата Лампард првпат го предводеше својот тим на еден Премиерлигашки меч ( не се прослави, загуби Челси со 4-0 од Манчестер Јунајтед), а вечерва првпат ќе биде тренер на еден европски меч.

„Тоа што играме против Ливерпул ја подигнува летвичката во ова финале многу високо. Може да се изгуби финале, тешки натпревари се тоа, но не смееш да не бидеш доволно подготвен или да немаш желба за победа. Секој играч на теренот мора да биде свесен за важноста на овој дуел за клубот“ вели Лампард.

epa07771601 A handout photo made available by the UEFA of Chelsea manager Frank Lampard during a press conference ahead of the UEFA Super Cup between Liverpool and Chelsea at Besiktas Park stadium on August 13, 2019 in Istanbul, Turkey. Liverpool FC will face Chelsea FC in the UEFA Super Cup match on 14 August 2019. EPA-EFE/UEFA via Getty Images / Gonzalo Arroyo HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Стратегот и покрај сите проблеми во клубот е оптимист и верува во успех.

„Оптимист сум затоа што верувам во своите играчи и знам дека тука во Истанбул сме затоа што сме го заслужиле тоа, никој не ни го подарил. Ако играме максимално, на крајот можеме да славиме. За клуб како што е Челси битно е да дадеме се од себе и да се обидеме да го освоиме трофејот. Свесни сме за важноста на тој трофеј како за клубот, така и за сите нас“ – истакна меначерот на „сините“.

Scroll to Top