Фудбалерите на Вардар попладнево претрпеа пораз во првото коло на ПМФЛ од тимот на Македонија ЃП. „Лавовите“ го победија вицепрвакот на Македонија со 2-0 на меч одигран на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во скопско Ново Лисиче.
Иако Вардар беше фаворити на мечот, иако „црвено-црните“ доминираа на теренот, сепак гостите од Ѓорче Петров беа поконкретни и со 3 бода го започнаа новото првенство.
Боби Божиновски со удар со глава во 20 минута носи водство за Македонија ЃП.
Вардар потоа имаше иницијатива, создаваше шанси, погоди и пречка, но немаше реализација. Слична беше сликата и во вториот дел.
Казна за сите нереализирани шанси на Вардарци стигна во 89 минута кога Емини погоди за конечни 0-2.
Во второто коло од ПМФЛ Вардар гостува кај Борец Велес, а Македонија ЃП ќе го пречека тимот на Академија Пандев од Струмица кој вчера со 1-0 го совлада шампионот Шкендија.
Фото: ФК Вардар