Top Sport

Лазаров: Хрватска утре е фаворит, но тие сега треба да трчаат против Јапонците

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров денеска по победата против Бахреин изјави дека е задоволен од победата, но рече дека е свесен оти вистинските предизвици допрва доаѓаат на СП во Германија и Данска.

„Бахреин беше понезгодна селекција од Јапонија, но успеавме во последните минути да одмориме ние поискусните, задоволен сум. Имавме осцилации, добри моменти и лоши моменти. Имавме еден долг пад во кој противникот направи 5-0 и тие се тие моменти кои загрижуваат пред мечевите со посилните селекции. Треба да работиме и да ги отстраниме. Позитивно е што младите добија минути за игра и ова искуство ќе им биде многу значајно за понатамошниот тек од првенството“ – рече Кире Лазаров по мечот.

Тој напомена дека на утрешниот меч против Хрватите ние влегуваме како аутсајдери, но не се знае ништо однапред.

„Утре е голем испит за нас, но не треба да имаме притисок, фаворитската улога ја препуштаме на Хрватска. Тие треба да трчаат сега против Јапониците, а тоа не е лесно. Сега треба да се подготвиме, атмосферата е позитивна. Хрватите иако имаат скромни изјави целат на полуфинале и медал, сакаат само да го тргнат притисокот. Ние ќе го дадеме максимумот, па ќе видиме што ќе биде“ – порача капитенот,

Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска се игра утре со почеток од 18 часот.

Scroll to Top