Top Sport

Раул Гонзалес: Со Хрватска треба да играма како денес во одбрана, а како со Јапонија во нападот

По планираниот и очекуван старт на Македонија на СП во Германија и Данска со две победи во двата воведни меча симнат е притисокот кој на ракометарите им „стоеше врз глава“, па сега плановите за преостанатите три, европски меча, се на репертоарот.

Селекторот Раул Гонзалес, слично како и капитенот Лазаров, смета дека засега се е според планот, но напоменува дека против Хрватска утре ќе биде многу потешко.

„Никогаш не знаеш како ќе бидат натпреварите, но засега се е според план. Веќе мислите се кон Хрватска и треба да се подготвиме. Треба да напаѓаме како против Јапонија а да се браниме како денес против Бахреин. Против Хрватска ќе биде тешко, имат добри играчи кои подеднаков добро играат во напад и во одбрана, имат искуство, а и се конкуренти за медал. На физички план мислам дека сме добро. Денес сите играа, вчера имавме слободен ден“ – вели Гонзалес.
Селекторот напоменува дека е задоволен од досегашново, но потенцира дека вистинските предизвици допрва доаѓаат.

Scroll to Top