Алваро Мората го постигна својот прв гол од август за на Челси да им донесе тешка победа над унгарскиот МОЛ Види, за кој 90 минути одигра Бобан Грнчаров.
Мората дури во 70. минута го скрши отпорот на противникот, откако доби добра пренасочена топка од Вилијан за да постигне прекрасен гол. Ова е втора победа во низа од 1:0 во Лига Европа за „сините“, откако претходно победија на тешкото гостување кај ПАОК, кои вечерва ги „здробија“ БАТЕ Борисов со 4:1 на гости.
Лацио имаше лоша вечер во Германија, откако Ајнтрахт ги победи со 4:1 во меч во кој гостите го завршија мечот со девет фудбалери на теренот. Баста на крајот на првото полувреме доби втор жолт картон, додека Кореа доби директен црвен во 59. минута.
Вилјареал пак, клубот во сопственост на бразилската легенда Роналдо, го одигра најинтересниот меч на вечерта во кој во последен момент се спасија за 3:3 реми на гостувањето во Москва кај Спартак.
Другиот шпански клуб не мина толку добро во Русија, откако Краснодар со 2:1 успеа да го победи повеќекратниот победник на Лига Европа, Севилја.
ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО
ГРУПА Г
Ренџерс – Рапид Виена 3:1
Спартак Москва – Вилјареал 3:3
ГРУПА Х
Аполон – Марсеј 2:2
Ајнтрахт Франкфурт – Лацио 4:1
ГРУПА И
Малме – Бешикташ 2:0
Сарпсборг – Генк 3:1
ГРУПА Ј
Краснодар – Севилја 2:1
Стандард Лиеж – Акхисар 2:1
ГРУПА К
Јаблонец – Динамо Киев 2:2
ГРУПА Л
БАТЕ Борисов – ПАОК 1:4
Челси – МОЛ Види 1:0