Фудбалерите на австриски Салцбург и германски Ајнтрахт Франфурт денеска нема да го одиграат реванш мечот од 16-финалето од Лига Европа.
Причина не е коронавирусот кој се повеќе зема замав во Европа, туку лошото време и силните ветрови кои се очекува да достигнат брзина дури до 120 километри на час.
Мечот беше закажан за денеска од 21 часот, а за тогаш метеоролозите очекуваат вистинско невреме.
Во првиот меч одигран во Франфурт, бундеслигашот славеше убедлив триумф со 4-1. За реваншот сега се бара нов термин.
„Оваа одлука мораше да се донесе на кризен состанок, на кој учествуваа претставници на клубовите и УЕФА, заедно со локалните власти и полицијата во Салцбург. Сигурното доаѓање и заминување не е загарантирано, ниту за гледачите, ниту за луѓето кои ќе беа актери на мечот, или, пак организатори на овој натпревар. Новиот термин ќе биде одреден во најкраток рок“ се наведува во заедничкото соопштение.