Top Sport

Леброн Џејмс: Откажете ја цела 2020 година!

По неколку години стагнација, Лос Анџелес Лејкерс повторно доминираат во Западната конференција на НБА лигата.

Обезбедија пласман во плеј-офот, а навивачите може да ги радува играта на двете најголеми ѕвезди во тимот, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Сепак, „Кралот“ не е задоволен од случувањето во оваа 2020 година, а тоа, според него, се наговестило уште на првиот ден годинава.

Долгогодишниот комесар во НБА, Дејвид Штерн почина во својата 77-ма година на 1 јануари.

Потоа во трагична хеликоптерска несреќа загина легендата, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.

Сега НБА лигата е суспендирана на неодредено поради коронавирусот.

Леброн Џејмс се огласи на Твитер:

„Човече, откажуваме спортски случувања, одење во училиште, на работа…Она што мораме да го откажеме е цела 2020 година! Се се случува во три месеци. Бог да ве благослови и останете сигурни„ – напиша кошаркарот.

Scroll to Top