Top Sport

Навивачите на Баерн Минхен бараат да се прекине Бундеслигата

Германската фудбалска Бундеслига ја очекува прв викенд во својата историја во кој мечевите ќе се играат без присуство на публика. Навивачите на Баерн Минхен бараат да се прекине првенството.

„Го критикуваме решението мечевите да се одржат без присуство на публика и го повикуваме Сојузот итно да реагира и на неодредено да ги откаже сите натпревари. Ако ја погледнете Италија, гледате дека земјата е во вонредна состојба. Многу луѓе, меѓу кои и навивачите, максимално се солидаризираат и својот социјален живот го ставаат во втор план , како би спречиле понатамошно ширење на коронавирусот. Притоа не се работи за страв да не бидеме заразени, туку за заштита на ризичните групи и спречување на преоптеретувањето на здравствениот систем. Не треба да се заборави дека и во Германија се соочуваме со слична статистика кога се работи за вирусот. Поради тоа сметаме дека единствено правилно е откажување на сите случувања“ стои меѓудругото во соопштението на навивачите на Баерн.

Во продолжение, тие додаваат:

„Многу навивачи со години ги жртвуваат своето време и пари за секаде да го следат саканиот клуб. Таа можност ќе ни биде одземена, клубот нема да има приходи, а екипата поддршка во одлучувачкиот дел од сезоната. Фудбалот без навивачи е безвреден“.

Scroll to Top