Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс одигра само 55 натпревари за својот тим во минатата сезона, која заврши разочарувачки.
НБА – кошаркарот наскоро ќе наполни 35 години, па нема да мора да игра на претсезонските дуели на „езерџиите“. Ова го решил Френк Вогел, кој го презеде тренерскиот штаб на Лук Волтон на почетокот од годинава.
„Сакаме интелигентно да и пристапиме на ситуацијата. Ќе му дадеме многу време да разговара и да работи со своите соиграчи, но дефинитивно нема да претеруваме со обемот на работа во подготовките пред сезоната“ – рече Вогел.
Џејмс минатата сезона го одигра најмалиот број натпревари откако е професионалец.
Лејкерси во новата сезона ќе бидат засилени со Ентони Дејвис и ќе се обидат да стават крај на серијата без учество во плеј-офот која трае 6 сезони во низа.