Top Sport

Ники Лауда погребан во Виена со кацигата со која двапати стана шампион (фото)

Во родната Виена денеска беше погребан еден од најдобрите возачи во Формула 1 на сите времиња, Ники Лауда.
Најблиското семејство, голем број пријатели и почитувачи го испратија Лауда на „последната трка“.

Тој е освојувач на три шампионски титули во Ф1, а почина на 21 мај на 71-годишна возраст.

Лауда проблеми со здравјето имаше уште од 1976 година кога преживеа стравичен пожар, по судир на тркта во Нирбургринг. Неговиот болид се запали, а Лауда од него излезе со тешки изгореници.

Имаше две трансплантации на бубрег, едната во 1997, другата во 2005 година. Првиот пат донор му беше брат му Флоријан, а вториотпат за него бубрегот го донираше неговата сопруга Бриџит.

На последното испраќање беа неговата сопруга и синот Лукас, а гестот на Бриџит ги насолзи сите присутни. Врз ковчегот ја стави кацигата со која Лауда освои две од трите шампионски титули.

Пред капелата со часови голем број обожаватели на Ф1 возачот чекаа да го испратат, а меѓу познатите ликови кои присуствуваа на погребот беа и Луис Хамилтон, Нико Росберг, Дејвид Култхард, Жан Тод, Арнолд Шварценегер.

Scroll to Top